Доколку имате производ под гаранција купен преку продажната мрежа на Ривер Софт или наш трговски партнер , потребно е да ги направите следните чекори:
Да го отворите линкот за поднесување барње за сервис и да ги пополните полињата кои се задолжителни за пријава на сервис, да ја прикачите Вашата фискална сметка или фактура, да го прикачите гарантниот лист за Вашиот продукт и да ги внесете сите барани генералии и да оставите детален опис на дефектот на уредот.
Да внесете сериски број на уредот.
Пополнете ги Вашите генералии контакт телефон како и емаил адреса за официјална комуникација.
По пополнувањето на формуларот ќе добиете повратен емаил со потврда за прием на налог за интервенција на сервис.
Доколку нешто недостасува од Вашата документација, нашите оператори ќе Ве контактираат за дополна на истите се со цел продолжување на процесот за сервисирање на уредот.
Целата комуникација ќе се одвива по електронски пат се со цел следливост на комплетниот процес за сервисирање на Вашиот уред.
Доколку имате дополнителни прашања не двоумете се да ни пишете на service@riversoft.mk или vox@riversoft.mk.
Ви благодариме
Ривер Софт
Сервисна подршка