Сите производи
Советник

Често поставувани прашања

Не го најдовте одговорот? Јавете се на 075 287 119 или пишете на info@riversoft.mk.

Нарачка

Морам ли да се регистрирам за да нарачам?

Не. Нарачувате и без корисничка сметка — потребни се само име, адреса и телефон.

Како знам дека нарачката е примена?

По нарачката ве повикуваме или ви пишуваме за потврда. Тогаш ја испраќаме.

Можам ли да нарачам по телефон?

Да, на контакт центарот 075 287 119.

Како да ја следам пратката?

Со секоја нарачка добивате tracking број за следење на статусот на пратката. Внесете го на страницата за следење, или внесете го бројот на нарачката со е-пошта или телефон од нарачката.

Следи нарачка

Плаќање, рати и цени

Како можам да платам?

Во готово при достава или на рати со iute за нарачки од 3.000 ден.

Како функционираат ратите?

До 6 еднакви рати без камата, само со лична карта. Изберете „Рати со iute“ при нарачката: ве повикуваме, а договорот го потпишувате во апликацијата Myiute. За прашања јавете се во контакт центарот или дојдете во салон.

Рати со iute

Од кој износ има рати?

Од 3.000 ден. Кај секој производ од тој износ ја гледате и месечната рата.

Што е клуб цена?

Посебна, пониска цена за членовите на клубот на RiverSoft. Кога има акција, важи пониската од двете.

Дали цените се со ДДВ?

Да, сите цени се во денари со вкалкулиран ДДВ.

Достава

Колку чини доставата?

Бесплатна е за нарачки над 3.000 ден., а за помали чини 190 ден.

За колку време пристигнува?

За 1–3 работни дена од потврдата на нарачката.

Доставувате ли низ цела Македонија?

Да, доставуваме на адреса низ цела Македонија.

Можам ли да подигнам во салон?

Прашајте го контакт центарот дали производот е во салонот во вашиот град — имаме 8 салони во 6 градови.

Враќање, гаранција и сервис

Можам ли да вратам производ?

Да, во рок од 30 дена, во кој било салон, неоштетен и со сметката.

Што ако производот има дефект?

Јавете ни се или донесете го во салон со гарантниот лист — поправката ја прави нашиот сопствен сервис.

Сервис и гаранција

Пратката стигна оштетена.

Запишете го тоа кај курирот и јавете ни се истиот ден — го заменуваме без трошок за вас.

Салони и контакт

Каде се салоните?

Имаме 8 салони во 6 градови: Струмица (3), Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Куманово. Адресите и телефоните се на страницата Контакт.

Салони и контакт

Како можам да ве контактирам?

Контакт центар 075 287 119, е-пошта info@riversoft.mk, или формата на страницата Контакт.

Треба помош?Контакт центар: за нарачки, залиха, совет за производ, рати и рекламации.